• вторник, 12 ноември 2024

Вилијамс: Договорено изборите во Либија да се одржат во рок од 18 месеци

Вилијамс: Договорено изборите во Либија да се одржат во рок од 18 месеци

Тунис, 12 ноември 2020 (МИА) - Претставничката на Мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија (УНСМИЛ), Стефани Вилијамс потврди дека учесниците на Либискиот форум за политички дијалог, свикан од ООН во Тунис, се согласиле изборите во Либија да се одржат во рок од 18 месеци.
"Беше одлучено да се усогласат следните чекори, вклучително и уставното прашање. Изборите ќе се одржат во период не подолг од 18 месеци. Учесниците на состанокот во Тунис постигнаа прелиминарен договор за крај на преодниот рок и одржување транспарентни избори", рече Вилијамс на прес-конференција.
Истакнувајќи дека разговорите меѓу страните биле конструктивни и дека учесниците имале можност да разменат идеи за покренатите прашања, Вилијамс рече дека договорениот патоказ се заснова на резолуциите на Советот за безбедност на ООН подготвени според резултатите од Берлинската конференција, јави Анадолија.
На 23 октомври, во канцеларијата на ОН во Женева беше потпишан договор за воспоставување постојан прекин на огнот во таа земја.
Вилијамс тогаш најави потпишување на „постојан“ договор за прекин на огнот меѓу воените делегации на завојуваните страни во Либија, нарекувајќи го „важна пресвртница кон мирот и стабилноста во Либија“.
Лидерот на сепаратистичките сили на истокот на Либија, пензионираниот генерал Калифа Хафтар во април минатата година изврши напад за заземање на Триполи. паг/

Остани поврзан