• понеделник, 23 декември 2024

Виктор Андреевски го фати крстот за Водици во Пехчево

Виктор Андреевски го фати крстот за Водици во Пехчево

Пехчево, 19 јануари 2024 (МИА) - Виктор Андреевски беше најбрзиот и успеа да го фати осветениот крст во осветените води во Пехчево.

По повод празникот Богојавление - Водици, на традиционалното положување на чесниот крст, му претходеше света божествена литургија во храмот „Свети Петар и Павле“.

Најсреќниот доби подароци од Општина Пехчево, компанијата „Зегин“, директорот на Трансфузиологија и фирмата „Агро-Ждрапански“.  

- Од свое лично име и од името на општинската администрација, посакувам добро здравје, многу љубов, почитување и успешна година на сите полиња, истакна градоначалникот на Пехчево, Александар Китански.

И оваа година на чинот на положување на светиот крст во водите на реката Писа учествуваа дваесетина млади. вс/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан