• среда, 21 август 2024

Изминаиот викенд отстранети 50 кубни метри отпад во Скопје

Изминаиот викенд отстранети 50 кубни метри отпад во Скопје

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за подигнување отпад од диви депонии во повеќе скопски општини.

-Отстранети се вкупно 50 кубни метри отпад лоцирани на улиците Скупи и Московска - во скопската општина Карпош, улицата Никола Пушкаров (во близина на старата општина) - во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир, информираат од јавното претпријатие. 

Оттаму додаваат дека во тек е и акцијата за собирање кабаст отпад што во моментов се одвива во општината Кисела Вода, додека од 21 август акцијата ќе продолжи во општината Аеродром, каде што на четири локации ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина ќе можат да го одлагаат својот кабаст отпад. сст/са/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

 

 

Остани поврзан