Викендов регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19
- Во последните три дена од 21 до 23 октомври се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје најмногу по
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Во последните три дена од 21 до 23 октомври се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу позитивни случаи на коронавирусот има во Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 25 реинфекции, а регистрирани сe и 66 оздравени пациенти од Скопје.
Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 162164, Активни 190
Куманово 18244, Активни 5
Битола 17983, Активни 21
Прилеп 15548, Активни 30
Тетово 14475, Активни 2
Кавадарци 12095, Активни 8
Велес 10812, Активни 4
Охрид 10320, Активни 6
Гостивар 10279, Активни 4
Струмица 8783, Активни 2
Штип 8767, Активни 5
Кичево 6075, Активни 0
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5173, Активни 0
Гевгелија 4884, Активни 0
Неготино 4149, Активни 4
Ресен 3029, Активни 0
Радовиш 2836, Активни 0
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 0
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1132, Активни 1
Богданци 1102, Активни 0
Крушево 1039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 801, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0. ар/нд/