• вторник, 24 декември 2024

Верхофштад: Потребата од енергетска унија е поголема од претходно

Верхофштад: Потребата од енергетска унија е поголема од претходно
Даблин, 26 февруари 2022 (МИА) - Копретседавачот на Конференцијата за иднината на Европа, Ги Верхофштад денеска во Даблин рече дека потребата од европска енергетска унија е поголема од порано и дека земјите во денешниот свет погрешно мислеле дека ако „направат нешто на национално ниво ќе бидат посуверени, автономни и заштитени“. Тој посочи дека „има апсолутна потреба од енергетска унија, уште повеќе од пред 16 години“, кога се зборуваше за потребата на ЕУ за енергетска самодоволност. „Потребна е енергетска унија. Според мене, потребна е дигитална унија, потребна е и банкарска унија, која сè уште не е завршена“, рече поранешниот белгиски премиер, изразувајќи надеж дека прашањата ќе бидат дел од дебатата на конференцијата. паг/  

Остани поврзан