Велешките пожарникари спречија ширење на пожар во гаража во селото Бузалково, повредени нема, но има поголема материјална штета
- Територијалната Противпожарна единица Велес синоќа во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково. Тие веднаш се упатиле на терен со две противпожарни возила и четврица пожарникари, а кога стасала на местото на пожарот кој бил во развиена фаза побарале и добиле и дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари.

Велес, 22 јули 2025 (МИА) - Територијалната Противпожарна единица Велес синоќа во 21:15 часот, добила дојава за пожар во гаража во село Бузалково. Тие веднаш се упатиле на терен со две противпожарни возила и четврица пожарникари, а кога стасала на местото на пожарот кој бил во развиена фаза побарале и добиле и дополнително засилување – дотур на вода и уште двајца пожарникари.
Со нивна брза интервенција пожарот бил изгаснат со што било спречено негово ширење,но има метеријална штета, појаснуваат денеска од ТППЕ Велес.
Како што информираат денеска од СВР Велес, синоќа околу 21.15 часот во СВР Велес било пријавено дека во село.Бузалково,велешко, настанал пожар во плац сопственост на 49 годишниот Џ.С. во кој биле опожарени трактор, балирачка машина за садење тутун и голема количина на тутун и јачмен. Во 23.30 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.ад/
Фото: МИА архива