Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
- Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната

Скопје, 4.август 2025 (МИА) - Раководството на освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија Вардар ги пушти во продажба влезниците за отворањето на сезоната. Во Скопје се игра вечното дерби на македонскиот фудбал и гостува битолски Пелистер.
Вардар претходната недела ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, па сега остануваат само домашните натпревари за „црвено-црните“.
Влезниците за дуелот со Пелистер ќе можат да се купат преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а цената на еден билет е 300 денари и само за јужната трибина.
Натпреварот Вардар - Пелистер се игра в петок на 8.август во вечерен термин од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. мн/
ФОТО: МИА