• понеделник, 23 декември 2024

Вардар доби нов сопственик

Вардар доби нов сопственик

 

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) – Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави денеска промена во сопственичката структура.

Во штурото соопштение објавено на социјалната мрежа Икс се наведува дека нов сопственик на Вардар е Атила Бижен Жалили, во чија сопственост преоѓаат 85 отсто од акциите на клубот.

„Од 07.10.2024-та, по претходно потпишан договор, заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили преземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото“, соопшти Вардар.

Во клупското соопштение се додава дела со промената на сопственичката структура „следува финансиска, организациска и резултатска консолидација на ФК Вардар“. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан