• среда, 27 ноември 2024

Ван Дајк ќе мора на операција

Ван Дајк ќе мора на операција
Ливерпул, 18 октомври 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се здоби со повреда на лигаментите на коленото на вчерашниот натпревар од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2:2). Врз Холанѓанецот ќе мора да се изврши операција, се наведува на веб-страницата на клубот. Времето за закрепнување на фудбалерот сè уште не е соопштено. Да потсетиме, дефанзивецот се повреди на самиот почеток на натпреварот со Евертон. Голманот Џордан Пикфорд го сруши Ван Дајк во шеснаесетникот. Играчот не можеше да се врати на теренот и беше заменет во 11. минута. зс/

Остани поврзан