• четврток, 30 јануари 2025

Бугарската компанија БМФ тврди дека нивниот брод го оштетил подводниот кабел поради невремето во Балтичко Море

Бугарската компанија БМФ тврди дека нивниот брод го оштетил подводниот кабел поради невремето во Балтичко Море

Софија, 28 јануари 2025 (МИА) – Бугарската компанија БМФ, сопственик на бродот Вежен, што беше запленет од шведските власти поради оштетување на подводен кабел во Балтичко Море, демантираше дека се работи за саботажа, тврдејќи дека инцидентот е предизвикан од екстремно лошо време.

Шведските власти запленија брод, што пловеше под знамето на Малта, откако во неделата бил оштетен подводниот кабел меѓу Летонија и Шведска.

- Можно е бродот да го оштетил кабелот, но во никој случај не верувам дека се работи за саботажа или некаква акција на нашата екипа, изјави директорот на компанијата БМФ, Александар Калчев.

Тој додаде дека капетанот на Вежена во моментот на инцидентот пријавил дека временските услови на морето се екстремно лоши, а бурниот ветер предизвикал пад на сидрото, што можело да го оштети кабелот.

Подводниот кабел беше оштетен само еден месец откако НАТО почна мисија во Балтичко Море како одговор на неколку инциденти.

Бугарската Влада соопшти дека системот за автоматска навигација покажува дека бродот поминал врз кабелот.

БМФ е најголемата и најстара бугарска бродоградба компанија, но во декември 2023 година беше вмешана во уште еден скандал откако ирските власти го запленија нејзиниот брод Верила, кој превезуваше 300 килограми кокаин. Компанијата се огради од инцидентот, а ирските власти уапсија тројца морнари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан