• петок, 17 април 2026

Бугарија ќе учествува во осум заеднички европски одбранбени проекти

Бугарија ќе учествува во осум заеднички европски одбранбени проекти

Софија, 16 април 2026 (МИА/БТА) – Бугарија ќе добие средства за учество во осум заеднички европски одбранбени проекти, според податоците презентирани денеска од Европската комисија.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Вкупно, ЕК ќе издвои 1,07 милијарди евра за 57 одбранбени проекти.

Бугарија ќе учествува во проект за подобрување на кибер безбедноста вреден над 52 милиони евра. Исто така, се планира учество во проект за двојни орбитални системи со буџет од над 57 милиони евра, како и во проект за развој на евтини разузнавачки сателити со буџет од над 65 милиони евра.

Бугарските специјалисти ќе учествуваат во проект вреден речиси 5 милиони евра за евалуација на разузнавачки податоци со употреба на квантни технологии, како и во проект вреден речиси 79 милиони евра за потребите на поморските сили. Се очекува Бугарија да учествува и во проект за понатамошен развој на системи за воздушна борба за речиси 28 милиони евра, како и во проект за развој на симулатори за воена обука со употреба на ласери и вештачка интелигенција за речиси 4 милиони евра. Последниот проект со бугарско учество за речиси 6 милиони евра предвидува развој на уреди за откривање на мети со голема брзина при слаба видливост.

____________________________________________________________________________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан