• среда, 26 март 2025

Британски и француски воени команданти се сретнаа во пресрет на преговорите за Украина

Британски и француски воени команданти се сретнаа во пресрет на преговорите за Украина

Лондон, 25 март 2025 (МИА) - Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на неделата на која ќе има дополнителни разговори за плановите за мировна мисија во Украина.

Адмирал Тони Радакин, командант на британските вооружени сили, рече дека двете европски нуклеарни сили „преземаат чекори за создавање посилно и подлабоко партнерство“ по средбата со неговиот француски колега, генерал Тиери Буркхард.

Заедно со командантите на армијата, морнарицата и воздухопловните сили на секоја земја, тие разговараа за напорите за „покренување“ европски одговор на ситуацијата во Украина - додека украинските, руските и американските претставници присуствуваа на разговорите во Саудиска Арабија со цел постигнување прекин на огнот.

Радакин рече дека во клучен момент за европската безбедност, третата средба на шефовите на Генералштабот на Велика Британија и Франција треба да се гледа како знак на реафирмација и посветеност.

-Двете водечки европски нуклеарни сили ја зголемуваат соработката за да создадат посилно и подлабоко партнерство кое е од витално значење за безбедноста на континентот, рече тој. Тој додаде дека дискусијата ќе помогне во обликувањето на иднината на британско-француската воена соработка и заедничките напори за поддршка на Украина со воена помош „сега и по секој мировен договор“.

Состанокот доаѓа додека оперативното планирање за европската мировна мисија во Украина продолжува во британското воено седиште во Нортвуд оваа недела.

Кабинетот на британскиот премиер минатата недела објави дека разговорите за создавање „коалиција на подготвените“ ќе продолжат да го забрзуваат темпото и опсегот на оперативното планирање и поблиску да ги разгледаат деталите и структурата на која било идна сила. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан