• недела, 09 март 2025

Британија го поздрави ветувањето на Австралија за одбрана на Украина

Британија го поздрави ветувањето на Австралија за одбрана на Украина

Лондон, 8 март 2025 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер ја поздрави посветеноста на Австралија „да размисли за придонес во коалицијата за Украина“, соопшти Даунинг стрит.

Стармер денеска имаше телефонски разговор со неговиот австралиски колега Ентони Албанез.

Велика Британија и Франција се обидуваат да изградат коалиција на нации подготвени да го бранат мировниот договор во Украина.

Портпарол на Даунинг стрит рече дека Стармер „ја поздрави посветеноста на премиерот Албанез да размисли за придонес во коалицијата за Украина и со нетрпение ја очекува средбата на шефовите на одбраната во Париз во вторник“.

Премиерот, исто така, ја повтори посветеноста на Британија на програмата АУКУС, трилатерално безбедносно партнерство меѓу Австралија, Обединетото Кралство и Соединетите држави.

Лидерите се договориле да останат во контакт, пренесе ДПА. јт/

Фото: Стармер на Х

 

Остани поврзан