• петок, 02 август 2024

Бојковска: Владата обезбедува средства за субвенциониран студентски оброк

Бојковска: Владата обезбедува средства за субвенциониран студентски оброк

Скопје, 1 август 2024

„Крајно лицемерно е СДСМ да покажува заложба за подобрување на студентскиот стандард на младите, кога истите тие ги оставија студентите со непредвидени средства за исплата за 2024 година“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година на Комисијата за финансирање и буџет.

ВМРО-ДПМНЕ со само 30 дена од формирање на Влада обезбедува средства за исплата на сите студенти. Буџетската дупка за исплата на субвенциониран оброк изнесува 437 милиони денари, а за стипендии непредвиделе 170 милиони денари.

Бојковска вели дека помина времето каде што студентите ќе бидат потценувани, кога преку блиски луѓе до СДСМ се нарачуваа изјави дека не се потребни 160 денари туку 140 денари се доволно за студентскиот оброк.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе биде верен партнер на младите во подобрување на нивниот животен стандард. Во Буџетот за 2025 година студентите ќе имаат можност да видат суштинска, а не само декларативна заложба за студентскиот стандард. Тоа што е ветено во Платформата 1198, но и многу повеќе ќе биде остварено“, изјави Бојковска.

Попов: Владата на ВМРО-ДПМНЕ системски ќе го подобри студентскиот оброк

Амандманот на СДСМ за зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк е мајтап и манипулација со студентите затоа што минатата година во Декември одбивте ист ваков амандман кој УМС преку пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ го поднесе за буџетот за 2024 година, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправа за амандманите за ребаласнот на Буџетот за 2024 година.
 
Исто така за буџетот за оваа година недостасуваа 437 милиони денари за исплата на оброкот до крајот на оваа година. За среќа имаме нова влада и ВМРО - ДПМНЕ ги обезбеди овие средства.  

Заврши времето на лажна и манипулативна грижа за младите, заклучи Попов.   

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан