• среда, 27 ноември 2024

Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско

Полициските хеликоптери фрлија над 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Два хеликоптера на Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска исфрлија преку 140 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и во Светиниколско. 

Како што соопшти МВР, хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Свети Николе-Пробиштип-Кратово и во 40 налети исфрли над 100 тони вода, со што е отстранета опасноста пожарот да се прошири. 

Хеликоптерот Бел-412, пак, заедно со хеликоптер од Република Србија дејствуваше во реонот на Старо Нагоричане и заедно со силите на терен го стопира кракот што се закануваше да се прошири кон нов непристапен терен. Хеликоптерот при дејствувањето во 27 налети исфрли 40 тони вода, наведуваат од МВР. вг/

Фото: МВР

Остани поврзан