• сабота, 27 јули 2024

Бостон покажува интерес за Симонс, но нема да го менува Браун за него

Бостон покажува интерес за Симонс, но нема да го менува Браун за него

Бостон, 11 ноември 2021 (МИА) – Бостон селтикс покажува интерес за кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс. Според „MassLive“, Келтите не се подготвени да се разделат со еден од лидерите на тимот, Џејлен Браун. Бостон нема да го менува Браун во ниеден договор, вклучително и опцијата за размена за австралискиот кошаркар. 

Инсајдерот во НБА, Шамс Шаранија, информира дека Селтикс и Филаделфија се во преговори за можен трејд на Симонс. Беше забележано дека страните разговараат за различни опции за трансакцијата, но во сите нив Браун се спомнува како главна фигура за размена. 

Во тековната сезона, Браун оваа сезона за Селтикс има просек од 25,6 поени и 6,1 скока по натпревар.  

Симонс за Филаделфија сè уште нема одиграно ниту еден натпревар поради психолошка неподготвеност. зс/

Остани поврзан