• сабота, 03 август 2024

Борусија Дортмунд ангажираше Бразилец од Манчестер Сити

Борусија Дортмунд ангажираше Бразилец од Манчестер Сити

Дортмунд, 3 август 2024 (МИА) - Борусија Дортмунд официјално го објави потписот на Бразилецот Јан Куто од Манчестер Сити. Доаѓа на позајмица на една сезона со можност за постојан трансфер доколку се исполнат одредени услови. Евентуалното купување на играчот ќе биде за 25+5 милиони евра.

Јан Куто има 22 години, бразилски интернационалец и може да игра на целото десно крило. Тој е во сопственост на Манчестер Сити од 2020 година, но постојано е испраќан на позајмица и нема одиграно ниту еден натпревар за тимот на Хосеп Гвардиола.

Минатата кампања, Јужноамериканецот беше дел од друг клуб од „Сити Фудбал груп“ во форма на шпанска Џирона, која импресионираше и оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. дс

Фото: Х/Борусија Дортмунд

Остани поврзан