• среда, 27 ноември 2024

Борел: При посетата на Москва Орбан не ја претставува ЕУ на ниту еден начин (ДПЛ) 

Борел: При посетата на Москва Орбан не ја претставува ЕУ на ниту еден начин (ДПЛ) 

Брисел, 5 јули 2024 (МИА) - Посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва се одвива исклучиво во рамките на билатералните односи меѓу Унгарија и Русија и тој нема добиено никаков мандат од Советот на ЕУ за посета на земјата, наведе високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.  

- Унгарија сега е земјата членка на ЕУ која го извршува ротирачкото претседавање со Советот до 31 декември 2024 година, но тоа не повлекува никакво надворешно претставување на Унијата, што е одговорност на претседателот на Европскиот совет на ниво на шефови на држави или влади и на висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност на министерско ниво, се додава во писмената изјава на Борел.  

Тој посочува дека позицијата на ЕУ за руската агресија врз Украина е изразена во многу заклучоци на Европскиот совет и таа ги исклучува официјалните контакти меѓу Унијата и рускиот претседател Владимир Путин.   

Иранскиот министер за надворешни работи е поканет во Брисел, соопшти Европската унија денеска, со повик за „деескалација на тензиите“ во Заливот по американските воздушни напади во кои загина

- Унгарскиот премиер не ја претставува ЕУ на ниту еден начин. Покрај тоа, вреди да потсетиме дека претседателот Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд и издаден е налог за апсење за неговата улога во врска со присилната депортација на деца од Украина во Русија, додава Борел во писмената изјава.  

Коментирајќи ја посетата, главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер порача дека независно од тоа какви пораки ќе бидат испратени од страна на Орбан од Москва, нејзината суштината не е вистинскиот начин, бидејќи се работи за обид за смирување, а не за постигнување мир и со неа се поткопуваат единството и посветеноста што треба да ги манифестира ЕУ за ставање крај на војната  

- Смирувањето нема го спречи Путин. Само единството и посветеноста ќе го трасираат патот кон сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина, истакна Мамер, додавајќи дека колку што му е познато Орбан не се координирал со никого во ЕУ во врска со неговата посета на Москва. 

Тој посочи дека постои јасна политика на ЕУ кон руската агресија врз Украина официјално изразена на повеќе нивоа, која треба да спроведува со пружање поддршка на Киев, со неотстапување од ставот дека кога се преговара за крај на конфликтот на преговарачката маса треба да бидат и украински претставници, како и со испраќањето јасна порака до „рускиот агресор“ дека единствен начин за итен премин на војната е безусловно повлекување на неговите трупи од Украина. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара итен прием на неговата земја во Европска Унија, барањето има широка поддршка во ЕУ, но прашањето се поставува како ќе се одвива процесот, јав

Мамер нагласи дека иако Орбан нема мандат од ЕУ, сепак неговата посета на Москва има симболично значење, бидејќи доаѓа пет дена по почетокот на унгарското претседавање со Унијата. 

- Постои процес во кој целосно учествува и ЕУ за организирање на мировна конференција. Се сеќавате дека пред само неколку недели претставници на Комисијата и високиот претставник за надворешна политика и безбедност беа на настан во Швајцарија, чија цел беше како да се постигне одржлив и праведен мир со почитување на украинските права, рече Мамер  

Според него, единствениот начин за постигнување на тој мир е мировен процес менаџиран на ниво на ЕУ и зачувувањето на единството во однос на руската агресија, а не преку индивидуални иницијативи и посети на Москва. 

- Сите овде во ЕУ сакаме мир. Но, да биде јасно. Сакаме праведен мир за Украина. Не сакаме смирување на Русија.  Затоа веруваме дека патувањето во Москва, повеќе му оди во прилог на Владимир Путин, отколку на напорите за постигнување одржлив мир со согласност на Украина, истакна Мамер, потсетувајќи дека од почетокот на руската агресија врз Украина, па досега, ниту еден европски лидер на бил во посета на Москва.      

Европската Унија ја поздравува иницијативата на Швајцарија за организирање на Конференција на високо ниво за мир во Украина, изјави денеска портпаролката на Европската комисија на надворешни

Портпаролката на Еврокомисијата за надворешни работи и безбедносна политика, Набила Масрали пренесувајќи делови од писмената изјава на Борел за посетата на Орбан на Москва, додаде дека секое решение за руската агресија треба да се базира на почитување на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, согласно Повелбата на ОН. 

- Позицијата на ЕУ кон руската воена агресија врз Украина е многу јасна и изразена во нејзините заклучоците поддржани од сите 27 земји членки, вклучително и Унгарија, дека Русија мора итно и безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од целата украинска територија, согласно меѓународното право, нагласи Масрали. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан