• четврток, 20 февруари 2025

Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Бразилија, 19 февруари 2025 (МИА) - Бразилскиот јавен обвинител Пауло Гонет Бранко поднесе обвинение против поранешниот претседател Жаир Болсонаро за обид за државен удар по неговиот пораз на изборите во 2022 година.

Поранешниот претседател на Бразил во вторникот беше обвинет за надгледување на масовна шема за задржување на власт по поразот на изборите, вклучувајќи еден заговор за поништување на гласањето, распуштање на судовите и зајакнување на војската и друг за заговор за атентат на новоизбраниот претседател Инасио Лула да Силва.

Во обвинението од 272 страници се наведува дека Бразил бил многу блиску до враќање во воена диктатура по речиси четири децении. зш/

Остани поврзан