• сабота, 23 ноември 2024

Боксерите на Црвена ѕвезда триумфираа во финалето на Регионалната лига во Скопје

Боксерите на Црвена ѕвезда триумфираа во финалето на Регионалната лига во Скопје
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) – Белградска Црвена ѕвезда ја освои титулата во Регионалната боксерска лига, откако синоќа во финалето во Скопје ја совладаа Лозница со убедливи 16-6. Боксерите на Црвена ѕвезда во Скопје испишаа клупска историја, освојувајќи го првиот екипен трофеј по пауза од 52 години, а до титулата дојдоа без ниту еден пораз. На патот до финалето Црвена ѕвезда во средата го совлада Железничар од Сараево со 18-4, додека Лозница беше поуспешна од загрепски Витез со 12-10. Регионалната боксерка лига по долга пауза заживеа како резултат на тесната соработка меѓу боксерските клубови од регионот во рамки на програмата „Отворен Балкан“. ег/ар/

Остани поврзан