• вторник, 24 декември 2024

Блумберг: Русија и Украина треба да разменат 90 воени заробеници

Блумберг: Русија и Украина треба да разменат 90 воени заробеници

Мoсква, 17 јули 2024 (МИА) - Русија и Украина денеска треба да разменат 90 воени заробеници, договор што го овозможија Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави Блумберг, повикувајќи се на еден извор.

Минатата недела, украинските медиуми објавија дека парламентарниот комесар за човекови права, Дмитро Лубинец, рекол дека Владата, со помош на ОАЕ, наскоро планира „голема“ размена на затвореници со Русија.

Од почетокот на војната, во февруари 2022 година, Русија и Украина извршија неколку размени на заробеници. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан