Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин
- Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите.

Вашингтон, 11 март 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите.
Неименуван извор изјавил дека Виткоф ќе замине во Москва на разговори со Путин, но не соопшти повеќе детали.
Виткоф, кој официјално е пратеник на Трамп за Блискиот Исток, игра сè поголема улога во напорите да се стави крај на тригодишната војна во Украина. мс/
фото: МИА архива