Рјабков: Американската помош за Израел радикално би ја дестабилизирала ситуацијата
- Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков денеска предупреди дека директна американска воена помош за Израел радикално би можела да ја дестабилизира ситуацијата на Блиски Исток
Москва. 18 јуни 2025 (МИА) – Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков денеска предупреди дека директна американска воена помош за Израел радикално би можела да ја дестабилизира ситуацијата на Блиски Исток.
Тој наведе дека Русија ги предупредува САД да не пружат никаква помош на Израел бидејќи тоа „би бил чекор кон радикална дестабилизација на целата ситуација“.
Рјабков потврди дека Москва е во контакт со Израел и со Иран.
Во меѓувреме портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека „светот за милиметри е оддалечен од катастрофа“ поради секојдневните израелски напади врз иранската нуклеарна инфраструктура. ми/
фото: МИА архива