• четврток, 18 декември 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 30 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 30 луѓе

Газа, 18 јуни 2025 (МИА) – Палестинската Цивилна одбрана во Појасот Газа соопшти дека 30 луѓе загинале во израелските напади, а повеќе од сто се повредени.

Портпаролот на Цивилната одбрана, Махмуд Басал изјави дека 11 од загинатите биле убиени додека чекале да се отвори центарот за дистрибуција на помош во Нусеират, централниот дел на палестинската енклава.

Најмалку 19 луѓе загинаа во трите израелски напади во Бејт Ханун, во северниот дел на Појасот Газа. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан