• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен: СAД го осудија предлогот на рускиот Парламент да ги признае двете украински сепаратистички републики како независни

Блинкен: СAД го осудија предлогот на рускиот Парламент да ги признае двете украински сепаратистички републики како независни

Вашингтон, 16 февруари 2022 (МИА) - СAД остро го осудија предлогот на рускиот Парламент да ги признае двете украински сепаратистички републики како независни. Таквиот потег ќе претставува грубо кршење на меѓународното право, наведе државниот секретар Ентони Блинкен во изјава.

Рускиот парламент гласаше да го повика претседателот Владимир Путин да ги признае двата отцепени региона во источна Украина како „суверени и независни држави“ во услови на зголемени тензии со Западот поради Москва.

Блинкен додаде дека таквата одлука ќе ја поткопа „наведената посветеност на Москва да продолжи да се ангажира во дипломатијата за постигнување мирно решавање на оваа криза и ќе бара брза и цврста реакција од САД во целосна координација со нашите сојузници и партнери“. паг/

Остани поврзан