• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

Скопје, 5 ноември 2024

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, во однос на законските измени поднесени од СДСМ, а со кои се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи од 5% на 0% ДДВ,  а што ќе значи месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

Реплицирајќи на оценките на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изнесени во емисијата, дека законот е „лицемерен потег“ и  исто законско решение било предложувано од негова страна и претходно, пратеникот Битиќи потенцираше дека станува збор за носење на законско решение во различни времиња.

„Законот за намалување на ДДВ се носи во различни времиња. Само да ве потсетам колку мерките кои што сме ги донеле ги променија економски состојби. Инфлацијата која беше увезена ја намаливме од 19% на 3%, за денес да може да зборувате за 2,5 % и тоа е поради одредени мерки што сме ги носеле.  Во септември потрошувачката кошница е зголемена за 1.000 денари во однос на август, за во октомври да се намали за 940 денари. Односно 54 денари е разликата на цените во однос на тие што биле во август и тоа е реалноста“, рече Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

Тој истакна дека СДСМ е конзистентен во политиките, што се препознава во тоа што за време додека беше на власт се работеше да подобрување на стандардот на граѓаните и ублажување на последиците од зголемената инфлација.

„Имаше намалување на цени, имаше шест различни мерки кои што го дадоа ефектот. Ние ги замрзнавме цените во одреден временски период, воведовме ограничување на маржи во одреден временски период. Го донесовме Законот за нефер трговски практики, кој што во суштина сега треба да се спроведува, со кој за првпат сме една од земјите на Западен Балкан која што има еден таков закон, а кој ни приближно не се спроведува. Ние си остануваме конзистентни, а тоа е дека ќе направиме се граѓаните да имаат подобар живот“, рече Битиќи и дополни дека за ова предлог законско решение за намалување на ДДВ-то треба да се соочат аргументите на комисиска расправа во Собранието.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Остани поврзан