• среда, 25 декември 2024

За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 35 отсто ја намали цената на парно греење за сите деловни корисници во Град Скопје. Одлуката за намалување на цената, како што рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, се темели на намалувањето на цената на природниот гас на светските берзи.

- Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои, пак, во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки за разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции. Верувам дека со тоа ќе овозможиме и тренд на зголемување на бројот на нови потрошувачи коишто се од категориите пред се на деловни корисници, рече Бислимоски.

Со новата одлука, како што кажа, ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции со што пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 35 отсто ја намали цената на парното греење за сите деловни корисници во Град Скопје. Одл

Засега, како што посочи, нема да се намалуваат сметките за потрошена топлинска енергија на домаќинствата зошто се субвенционирани од страна на Владата со 20-тина проценти. ЕСМ, додаде, веќе ги има добиено субвенциите за домаќинствата до крајот на грејната сезона.  

-Цената за домаќинствата во овој момент е за 75 проценти пониска отколку цената на деловните корисници. Претходно таа разлика беше некаде 2,7 пати. Ја пратиме ситуацијата на пазарот за природен гас и доколку се исполнети условите апсолутно ќе пристапиме кон носење на нова одлука и за цената на домаќинствата. Субвенциите се обезбедени, префрлени се на сметката на ЕСМ и сите сметки до крајот на грејната сезона ќе ги субвенционира, рече Бислимоски во одговор на прашање дали може да се очекува да се намалат и сметките за домаќинствата.

Нагласи дека РКЕ не сака да влијае на ниту еден начин на случувањата на политичката сцена кои ќе престојат во наредниот период.

-Не сакаме да бидеме сфатени погрешно. Ова го правиме за да им помогнеме на општините, на државните институции и на деловните корисници да им се намалат нивните трошоци за топлинска енергија, бидејќи реално тие го понесоа најголемиот товар во текот на енергетската криза и на некој начин тие со повисоката цена што ја имаат од домаќинствата, ги субвенционираа стабилните цени за топлинска енергија во градот Скопје, нагласи Бислимоски.

Според податоците на РКЕ, вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија во град Скопје, а само од стартот на грејната сезона до сега се приклучени околу 1.000 нови корисници.вј/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан