• сабота, 13 декември 2025

Бин Сулајем реизбран за претседател на ФИА

Бин Сулајем реизбран за претседател на ФИА

 

Ташкент, 12 декември 2025 (МИА) - Поранешниот рели возач од Обединетите Арапски Емирати, 64-годишниот Мохамед Бин Сулајем е реизбран за претседател на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) на генералното собрание кое денеска се одржа во узбекистанската престолнина Ташкент.

„Им се заблагодарувам на членовите на ФИА за одличната посетеност и довербата што ми ја покажаа повторно. Надминавме многу пречки и денес сме посилни од кога било“, рече Бин Сулајем.

Неговиот претходен четиригодишен мандат беше обележан со чести несогласувања со возачите во Формула 1, како и со значајни промени во персоналот во организацијата.

Бин Сулајем немаше противкандидати при гласањето за негов реизбор.

Кандидатите за претседател мораа да поднесат список од седум кандидати за потпретседател од различни региони во светот, вклучувајќи и задолжителен предлог од Јужна Америка. Единствениот кандидат од тој регион беше Фабијана Еклстон од Бразил, која го поддржува Бин Сулајем. ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан