• четврток, 06 февруари 2025

Билатералните односи, регионалните и меѓународните случувања во фокусот на средбата Герапетритис – Фидан во Доха

Билатералните односи, регионалните и меѓународните случувања во фокусот на средбата Герапетритис – Фидан во Доха

Атина, 3 февруари 2025 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан вчера се сретнале во Доха, а како што информираа од грчкото МНР преку платформата „Х“, шефовите на двете дипломатии разговарале за билатералните односи, регионалните и меѓународните случувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис во рамките на неговата посета на Блискиот Исток вчера беше во Катар, каде што и се сретна со Фидан.

Дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА информирале дека средбата поминала во позитивна атмосфера, двајцата министри разговарале за претстојниот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција, што во следниот период ќе се одржи во Анкара, а се согласиле заедно да работат заедно за одржување на конструктивната клима, преку структуриран дијалог, односно, политичкиот дијалог, позитивната агенда и меморандумот за соработка.

На средбата, според истите информации, станало збор и за кипарското прашање, како и за регионални теми, при што Герапетритис и Фидан размениле мислења за состојбите на Блискиот Исток.

Шефот на грчката дипломатија денеска е во посета на Израел и на палестинските територии, каде што ќе се сретне со шефот на израелската дипломатија, а потоа ќе отпатува за Рамала, каде што ќе има средба со палестинскиот премиер и министер за надворешни работи. ср/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан