Мигранти со различни предмети ја напаѓаат полската армија на границата со Белорусија
- „Како што можете да видите на ова видео, мигрантите фрлаат разни предмети кон полските служби од очај. Ја чуваме полско-белоруската граница за да спречиме нивната агресија да стигне до Полска“, напиша Втората механизирана дивизија од Шчеќин на социјалната мрежа X.

Варшава, 15 јули 2025 (МИА) – Полските војници на границата со Белорусија објавија видео на кое се гледа како гранка фрлена од белоруската страна удира во возило на граничната полиција, јавува Полско радио 24.
„Како што можете да видите на ова видео, мигрантите фрлаат разни предмети кон полските служби од очај. Ја чуваме полско-белоруската граница за да спречиме нивната агресија да стигне до Полска“, напиша Втората механизирана дивизија од Шчеќин на социјалната мрежа X.
Како што потсетува радио станицата, уште еден сличен инцидент се случил минатиот четврток, исто така во близина на полско-белоруската граница, во близина на градот Михалов.
Според армијата, војник кој служел на границата со Белорусија бил нападнат од агресивен мигрант, кој бил приведен од граничната полиција, а обвинителството го истражува случајот.
Вчера беше објавено дека состојбата на нападнатиот војник е стабилна, но тој во моментов не служи на границата.
Пограничен офицер извести дека група од девет мигранти нападнале полски војници фрлајќи камења кон нив. Двајца од нив нелегално ја преминале границата, а еден од нив нападнал полски војник чиј „живот и здравје биле во опасност“.
Според офицерот, „агресивниот мигрант бил приведен од граничната полиција, а на војникот веднаш му била укажана медицинска помош и бил префрлен во болница“.
Тој нагласи дека нападнатиот војник „се бранел со сите можни средства“. Војникот е во стабилна состојба, но поради големот оток на очите и проблемите со видот, во моментов не е во можност да служи на границата. Повредениот војник е на должност, но не извршува гранични задачи, пишува Полско радио 24.
Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го коментираше инцидентот.
„Пред се, Полска беше нападната, а не мигрантот. Нападнат е полски војник. Јас стојам на страната на полската армија, на страната на полските војници и на страната на безбедна Полска“, објасни тој.сд/
фото: Х
Jak widać na tym nagraniu migranci z powodu swej desperacji rzucają w polskie służby różnymi przedmiotami. 😱
— 12 Szczecińska Dywizja Zmechanizowana (@12Dywizja) July 15, 2025
My stoimy na straży granicy 🇵🇱🇧🇾, aby ich agresja nie wdarła się do Polski. @DowOperSZ @SztabGenWP @MON_GOV_PL @Straz_Graniczna pic.twitter.com/wjfUOaBMeK