• петок, 08 ноември 2024

Бербок: Патувањето мораше да се откаже поради механички проблем со владиниот авион

Бербок: Патувањето мораше да се откаже поради механички проблем со владиниот авион

Берлин, 15 август 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека нејзиното планирано еднонеделно патување во индо-пацифичкиот регион морало да биде откажано поради механички проблеми со владиниот авион.

Бербок на платформата „Х“, порано позната како Твитер, напиша дека и е невозможно да го продолжи патувањето поради неисправниот авион.

-Авионот вчера двапати се обиде да полета од Абу Даби, но беше принуден да се врати од безбедносни причини поради технички дефект, напиша портпаролот на германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“.

Бербок требаше да патува во Австралија, Нов Зеланд и Фиџи. Таа, исто така, мораше да го откаже патувањето за да се сретне со британскиот колега Џејмс Клеверли минатата година поради лошите временски услови.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел го пропушти отворањето на самитот на Г-20 во Аргентина во 2018 година, поради сериозен дефект на владиниот авион што го принуди на непланирано слетување. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан