• четврток, 07 ноември 2024

Бербок: Иднината на Молдавија е во Европа

Бербок: Иднината на Молдавија е во Европа

Берлин, 18 октомври 2024 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја потврди посветеноста на нејзината земја да ја поддржи Молдавија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија, јави ДПА.

Молдавија се подготвува за претседателски избори и референдум за членство во ЕУ в недела.

-Народот на Молдавија одлучува за својата иднина. Убедена сум дека оваа иднина е навистина во Европа, рече Бербок.

Таа ги опиша изборите и референдумот в недела како клучни настани за малата земја сместена меѓу Украина и Романија, при што гласачите одлучуваат дали да ја внесат наведената цел за пристапување во ЕУ во уставот.

Проевропската претседателка Маја Санду се кандидира за втор мандат, обидувајќи се да ја запише кандидатурата на Молдавија за пристап во ЕУ во уставот. Сепак, земјата со околу 2,5 милиони жители има моќни проруски сили, што го прави гласањето критичен момент за нејзината иднина. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан