• сабота, 23 ноември 2024

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 96,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и остануваат 86, односно 84 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,903 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,339 денари. Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,216 отсто и кај дизелот во просек за 0,65 отсто, како и за 0,619 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. вј/ац/

Остани поврзан