• петок, 08 ноември 2024

Без струја утре дел од општините Аеродром и Центар

Без струја утре дел од општините Аеродром и Центар

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Аеродром и Центар, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од осум до 14 часот, корисниците од населба Драчево - делови од улиците „Иван Хаџи Николов“, „Мишевска“, „Китка“. Во период од девет до 13 часот, корисниците од пат за Долно Лисиче, од „Силбо“ до автоделови Цаки и Ливран ДОО.

Во општина Центар, од 12 до 15 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од   улицата „Славејко Арсов“ - место викано „Шербетница“ над Шеста управа. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан