• среда, 25 декември 2024

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Без струја утре ќе бидат делови од општините Аеродром и Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Според известување од „ЕВН Македонија“, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, кај ресторан „Дион“ во општина Аеродром.

Од 8:30 до 11 часот пак, дел од корисниците од улицата „Гемиџиска“ во општина Гази Баба. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан