Без струја делови од Ѓорче Петров
- Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од улица „Андон Папрадишки“ и дел од корисниците на улица „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.
Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од улица „Андон Папрадишки“ и дел од корисниците на улица „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе биде во период од 09:00 до 13:00 часот. сст/са/
фото МИА архива