• четврток, 05 септември 2024

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чаир

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Чаир

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба. 

Во период од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улицата „Мишко Михајловски“ во општина Кисела Вода, а од 09:00 до 13:00 часот од дел од улицата „Копачка“ во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе има на дел од улиците „Крсто Арсенов“, „Добри Даскалов“ и „Емин Дураку“ во општина Чаир, а од 08:00 до 15:00 часот дел од корисниците на населбите Чукур и Трубарево во општина Гази Баба. сст/мд/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан