Без вода улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче
- Поради дефект на приклучна цевка на ул.„Тодор Чангов“ 21 бр.8 во населба Лисиче, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.

Скопје, 19 април 2023 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на ул.„Тодор Чангов“ 21 бр.8 во населба Лисиче, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:45 часот до санирање на дефектот. дма/
Фото: МИА архива