• недела, 25 август 2024

Без вода корисници од неколку улици во Карпош

Без вода корисници од неколку улици во Карпош

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Дел од корисниците на улиците „Варшавска“, „Хашка“ „Хаванска“, „Хелсинки“, „Мексичка“ и „Ташкентска“ во општина Карпош денеска од 8.30 часот ќе немаат вода.

Според известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на вентил и водомер на улица „Варшавска“ бр. 14 и ќе трае до завршување на  работните активности. хс/вг/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан