• петок, 06 септември 2024

Без вода делови од Скопје

Без вода делови од Скопје

Скопје, 5 септември 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Леринска“ 55а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:10 часот до санирање на дефектот.

Без вода поради уличен дефект на ул. „Лазар Димитров“ бр.6, ќе бидат и корисниците на дел од оваа улица од бр.2 до бр.8 и дел од бул. „Србија“ (околу сервис Борче) од 09:15 часот.

Прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул. „Палмиро Тољати“ и дел од ул. „Маџари“ од 09:20 часот поради дефект на приклучна цевка ф 1“ на ул. „Палмиро Тољати“ бр.12.  цр/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан