• сабота, 23 ноември 2024

НЕЛТ и УНИЦЕФ ќе склучат партнерство за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини

НЕЛТ и УНИЦЕФ ќе склучат партнерство за унапредување на стручното образование преку практична настава за зелени вештини

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - НЕЛТ и УНИЦЕФ во Северна Македонија денеска ќе склучат ново партнерство, со цел на учениците во стручните училишта да им обезбедат можности за практично учење со фокус врз јакнење на зелените вештини. 

Како што информираат од УНИЦЕФ, со иницијативата ќе се подобри вработливоста на учениците од стручното образование и обука при што тие подобро ќе се подготват за пазарот на трудот. Оваа партнерство е дел од глобалното партнерство за зајакнување на образовните системи во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, кое ќе се прошири и на Ангола во 2026 година.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе се обратат Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Весна Јаневска, министер за образование и наука, Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Северна Македонија и Сашко Блажевски, извршен директор на Нелт СТ Северна Македонија. фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан