• среда, 27 ноември 2024

Без вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар

Без вода дел од општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште, Карпош, Сарај и Центар, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Прекинато водоснабдување поради уличен дефект ф 125 мм на ул.18 бб во Сопиште денеска ќе имаат корисниците од село Добри Дол. Прекинот ќе биде од 07:00 часот до завршување на дефектот.

Поради замена на затварачи од ф – 100 мм на ул. „Осло“ бр. 15Б , во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Московска“ и „Женевска“, како и корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Љубица Ѓеоргиева“ и „Бањалучка“ во општина Карпош.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека поради реконструкција во пумпна станица Сарај, во периодот од 05:00 часот па се до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците од селата Сарај, Глумово, Арнакија и Матка во општина Сарај.

Поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од ф - 150 мм на ул. „Рилски Конгрес“ бр.1 во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Партение Зографски“ и „Белградска“ во општина Центар. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан