Без вода дел од населба Лисиче
- Поради дефект во шахта на улица „Благој Мучето“ 15а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Лисиче (бараки).

Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Поради дефект во шахта на улица „Благој Мучето“ 15а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Лисиче (бараки).
Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот. дма/