• вторник, 30 јули 2024

Бегај ја потпиша уредбата за новите министри, попладнево седница на албанскиот Парламент

Бегај ја потпиша уредбата за новите министри, попладнево седница на албанскиот Парламент

Тирана, 29 јули 2024 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај потпиша уредба за новите министри во владата на премиерот Еди Рама.

-Претседателот неколку часа по доставените предлози од страна на премиерот Еди Рама, ја потпиша уредбата а веднаш е закажана и итна седница на парламентот за денеска во 18 часот, објавија медиумите.

Парламентот ќе ја избере новата претседателка на Парламентот 
Елиса Спиропали, досегашна државна министерка за односи со парламентот.

Пратениците треба да ги изгласаат и новите министри за внатрешни работи Ервин Хоџа, за одбрана Пиро Венгу, за финансии Петрит Малај и Таулант Бала кој од прв полицаец сега ќе биде државен министер за односи со парламентот.  

Имајќи го во предвид бројот на пратениците од владејачкото мнозинство,  гласањето ќе биде само формално, по што новоизбраниот министри ќе дадат заклетва пред Бегај. вт/

Остани поврзан