Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп
- Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.
Вашингтон, 26 ноември 2024 (МИА) - Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во јануари, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.
„Претседателот вети дека ќе присуствува на инаугурацијата на кој и да победи на изборите“, рече Бејтс.
Тој изјави дека Џозеф и Џил Бајден ќе го исполнат тоа ветување и ќе присуствуваат на инаугурацијата.
Трамп и Бајден се сретнаа во Белата куќа на 13 ноември, откако американскиот претседател во заминување рече дека ќе дозволи непречена транзиција на власта.
Традиционалната средба меѓу заминувачкиот и новоизбраниот претседател не се одржа по изборите во 2020 година, кога Трамп по поразот изјави дека изборите биле украдени во корист на Бајден и на демократите. Потоа го напушти Вашингтон и не присуствуваше на инаугурацијата на Бајден.
Така, тој стана првиот претседател што го сторил тоа по Ендрју Џексон, кој ја избегнал инаугурацијата на Јулисис Грант во 1869 година.
Пред осум години, по победата на изборите во 2016 година, Трамп имаше деведесетминутна средба во Овалната соба со тогашниот претседател во заминување Барак Обама. зш/
фото ЕПА