• среда, 27 ноември 2024

Русија протера британски дипломат заради шпионажа

Русија протера британски дипломат заради шпионажа

Москва, 26 ноември 2024 (МИА) - Русија денеска објави дека протерала британски дипломат поради шпионажа, што е последен удар за и онака лошо заладените односи меѓу двете земји.

Службата за безбедност (ФСБ) објасни дека дипломатот, чии фотографии беа објавени на сите ТВ канали, намерно давал лажни информации при влез во земјата.

-Во исто време, ФСБ откри дека дипломатот бил вклучен во разузнавачки и субверзивни работи што претставуваат закана за безбедноста на Руската Федерација, се додава во соопштението.

Британската амбасада во Москва не одговори на барањето за коментар, а не одговори ниту британското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Министерството го поканило на интервју британскиот амбасадор.

Според ФСБ, британскиот дипломат сменил еден од шесте дипломати протерани од Русија на почетокот на годинава, исто така поради шпионажа.

По почетокот на војната во Украина, односите меѓу двете земји паднаа на најниско ниво од крајот на Студената војна.

Британските крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“, кои беа испратени во Украина, за првпат беа употребени минатата недела за напад на руска територија. мс/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан