• вторник, 17 декември 2024

Бајден до Путин: САД се загрижени за труењето на Навални, одлучно ќе ги бранат своите интереси

Бајден до Путин: САД се загрижени за труењето на Навални, одлучно ќе ги бранат своите интереси
Вашингтон, 26 јануари 2021 (МИА) - Белата куќа соопшти дека во првиот телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, претседателот на САД, Џо Бајден, изразил загриженост околу ситуацијата со Навални и укажал дека САД одлучно ќе ги заштитуваат своите интереси. Двајцата лидери разговарале за труењето на Алексеј Навални, кибер-нападите врз владини агенции на САД, како и за извештаите околу руските награди за „главите“ на американски војници во Авганистан. - Претседателот Бајден истакна дека САД го поддржуваат суверенитетот на Украина. Тој јасно стави до знаење дека САД одлучно ќе дејствуваат за заштита на своите национални интереси во одговор на акциите на Русија коишто ни штетат нам и на нашите партнери, се вели во соопштението. Кремљ претходно објави соопштение за разговорот, во кое не се споменуваат Алексеј Навални и кибер-нападите, туку продолжувањето на Договорот за стратешко офанзивно вооружување и излегувањето на САД од договорот за отворено небо, нуклеарниот договор со Иран и Украина. Според Блумберг, извори од Белата куќа укажале дека Москва барала телефонски разговор со Бајден уште минатата недела. Пред комуникацијата со Путин, Бајден разговарал си своите советници и со европските партнери, пред се францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. кб/гт/

Остани поврзан