• среда, 21 јануари 2026

Батлер ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото

Батлер ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото

Сан Франциско, 20 јануари 2026 (МИА) – Бекот на Голден Стејт вориорс, Џими Батлер, нема да биде на терените до крајот на сезоната поради повреда.

Кошаркарот тешко се повреди на натпреварот ноќеска со Мајами хит. Батлер падна незгодно и го повреди десното колено во третата четвртина од натпреварот, кој заврши со 135:112 за неговиот тим. 

До повредата, Батлер постигна 17 поени за 21 минута игра против својот поранешен тим.

Според „ESPN“, медицинскиот преглед покажал дека бекот има скинат преден вкрстен лигамент на десното колено.

Батлер е шесткратен НБА Ол-стар и освојувач на златен медал на Олимписките игри во 2016 година со тимот на САД. Во јануари, тој постигнуваше просек од 21,3 поени со 53 проценти шут од поле. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан