• вторник, 24 декември 2024

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Барселона, 7 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан