• сабота, 23 ноември 2024

Барселона не го продаде Рафиња на Арсенал за 70 милиони евра и покрај финансиските проблеми

Барселона не го продаде Рафиња на Арсенал за 70 милиони евра и покрај финансиските проблеми

Барселона, 23 февруари 2023 (МИА) - Барселона не го продаде Рафиња во зимскиот преоден рок и покрај финансиските проблеми.

Според „Diario Sport“, во текот на зимскиот преоден рок, каталонскиот клуб добил понуда од Арсенал тешка 70 милиони евра за 26-годишниот крилен напаѓач.

Со оглед на тоа што Барселона го купи Рафиња од Лидс летото за 58+7 милиони евра, договорот со Арсенал ќе изгледаше финансиски оправдан. Сепак, Каталонците одбија да го продадат Бразилецот, бидејќи го сметаат за вреден играч за во иднина. Стручниот штаб верува во Рафиња, па се противеше на неговата продажба.

Рафиња оваа сезона постигна седум гола и девет асистенции на 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан